Стејт департмент: Време е да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан


Сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан, изјавил претставник на Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето дали САД се загрижени за информациите од Бугарија дека постои ризик Западен Балкан да стане регион на нестабилност поради делување на руски агенти.

Бугарскиот премиер Кирил Петков пред неколку дена предупреди дека Бугарската државна агенција за национална безбедност истражува шпиони кои работат против разбирање меѓу Македонија и Бугарија, како и против европската иднина на Западниот Балкан.

– Нема што да споделиме за коментарите на премиерот Петков. Би ве упатиле до Владата на Бугарија. Во однос на стабилноста во регионот на Западен Балкан, руските обиди да се промовира политички раздор не се нови. Сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан – се вели во изјавата на портпарол на Стејт департментот.

На прашањето дали САД очекуваат до крајот на француското претседателство со Европската Унија да се тргне бугарското вето и да се постигне договор меѓу Скопје и Софија, од Стејт департментот одговориле дека Вашингтон продолжува да ги поддржуваме ЕУ аспирациите на сите земји од Западен Балкан.

– Ги поздравуваме напорите на владите на Македонија и Бугарија за решавање на ова прашање – велат од американскиот Стејт департмент.

ТОП ВЕСТИ

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...