Стевановиќ: Модуларните болници се безбедни, Татеши: Во нив не може да се лекуваат пациенти со тешка слика

Трагедијата во ковид-центарот во Тетово го наметна прашањето за квалитетот и безбедноста на останатите модуларни болници. Модуларниот објект при Инфективната клиника во Скопје има капацитет од 70 легла, а директорката Милена Стевановиќ, верува дека овој објект е безбеден. Додава дека во нив биле спасени илјадници животи.

Но, според лекарот Беким Татеши, овие модуларни центри не се соодветни и не ги задоволуваат условите за лекување на пациенти во тешка здравствена состојба како резултат на Ковид-19. Како што вели, тука треба да се хоспитализираат само пациенти со лесна клиничка слика.

-Модуларните болници според мое мислење како лекар, можат да бидат помошни објекти во вакви случаи, и според мое мислење во нив треба да се лекуваат пациенти со најлесна клиничка слика. Пациентите пак, со потешка клиничка слика треба да се лекуваат со соодветни објекти. Како што видовте, една мала грешка може да биде фатална и еве што се случи… се случи она што не го очекувавме-вели Татеши.

Во нашата земја има вкупно 19 модуларни болници сместени главно во поголемите градови. Беа изградени како помошни објекти во моментот кога имаше голем наплив на пациенти заразени со коронавирус.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...