Столтенберг: Малку е веројатно дека ќе има војна меѓу Русија и НАТО

Mar 25, 2022

[ad_1]

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да придонесува за мерките за солидарност и одбрана на НАТО засновани на солидарноста на алијансата.

„Очекуваме иста солидарност од нашите сојузници“, рече Ердоган нагласувајќи дека Турција е во близок контакт со Украина и Русија со цел што побргу да заврши војната.

„Сите, особено европските земји, треба да ги поддржат бегалците што доаѓаат пред нивните врати и да преземат одговорност за да им ги олеснат маките. Сметаме дека конечното решение треба да се заснова на веродостојна формула што ќе ја прифатат Русија, Украина и меѓународната заедница.

Во овој момент неизбежно е глобалната безбедносна архитектура, особено Советот за безбедност на ОН, да биде подложен на сериозни реформи“, рече турскиот претседател.

Ердоган вели дека НАТО мора да преземе реален и стратешки пристап, истовремено обезбедувајќи политичка и практична поддршка на Украина во сегашното воено опкружување.

„Ќе ги продолжиме нашите разговори со Путин и Зеленски. Вложуваме напори да создадеме атмосфера на мир, особено преку разговори меѓу двајцата лидери. Доколку има позитивни барања, предлози Турција да биде посредник, ние сме подготвени за тоа. Подготвени сме на тој чекор“, рече Ердоган.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ