PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Столтенберг: Самитот на НАТО ќе се оддржи следната година во Литванија

Nov 9, 2022

Самитот на НАТО следната година ќе биде во Литванија, најави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Средбата е закажана за 11 и 12 јули во Вилнус.

„Се соочуваме со најсложеното и најнепредвидливото безбедносно опкружување од крајот на Студената војна, а состанокот во Вилнус ќе биде можност шефовите на држави и влади на НАТО да се договорат за следните чекори за зајакнување на нашите способности за одвраќање и одбрана“, изјави генералниот секретар на Алијансата.

Тој рече дека учесниците на самитот ќе разговараат за зголемување на трошоците за одбрана и помошта за Украина.

„Во време на зголемена стратешка конкуренција, односот меѓу Европа и Северна Америка во НАТО останува клучен за безбедноста на една милијарда граѓани на земјите од Алијансата“, порача Столтенберг.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ