PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Судски документи откриваат дека Херд му го скинала прстот на Деп

Aug 3, 2022

Неодамна објавени документи од судскот спор во кој Џони Деп ја тужеше поранешната сопруга Амбер Херд за клевета, откриваат дека сестрата на Амбер ѝ рекла на својата шефица дека Амбер му го отсекла врвот на прстот на Деп кога го гаѓала со шише вотка.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Деп во април сведочеше дека тој и Амбер се скарале во Австралија во 2015 година и дека во еден момент таа му фрлила шише со вотка, отсекувајќи му го врвот на прстот. Херд негираше и тврдеше дека Деп се повредил додека бил пијан.

Сега, 6.000 страници судски документи што беа отворени за јавноста од страна на судот во Ферфакс минатиот викенд, откриваат детали од сведочењето на Џенифер Хауел, поранешна шефица на сестрата на Амбер, Витни. Таа била со неа кога добила порака од Херд во која ѝ раскажувала за кавгата со Деп, пренесува „Њујорк пост“.

„Врескаше, го направи тоа, му го исече прстот и ни кажа на сите. Потоа рече: морам да повикам некого,“ ѝ рекла Џенифер на адвокатката на Деп, Камил Васкез.

Деп во текот на судењето призна дека го излажел докторот за околностите на повредата.

„Реков дека го скршив од хармоника-врата. Не сакав да ја доведам Амбер во неволја. Се обидов да направам сè за да биде поедноставно и полесно за сите,“ изјави актерот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ