PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

СЗО ја потврди делотворноста на вакцината против ХПВ со потенцијал да ја „промени играта“

Apr 21, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Вакцината со единечна доза против хуман-папилома вирусот (ХПВ) има потенцијал да ги промени „правилата на играта“, велат стручњаци од Светската здравствена организација (СЗО).

Експертите од Стратешката советодавна група за имунизација при СЗО заклучија дека една доза од вакцината има споредлива делотворност со вакцините со две или три дози и нуди солидна заштита од вирусот. Групата ги проценуваше показателите од изминатите неколку години, во однос на ефикасноста на вакцината со една доза.

СЗО верува дека овие наоди може да овозможат повеќе девојчиња да се вакцинираат со вакцината која спасува животи. Се препорачува за лица од девет до до 20 години да се вакцинираат со една или две дози, а две дози – за жени над 21 година.

ХПВ е најчеста сексуално пренослива болест и е предизвикувач на 95 отсто од сите карциноми на грлото на матката. Ракот на грлото на матката е четвртиот најчест облик на рак кај жените. Според СЗО, 90 отсто од жените со рак на грлото на матката живеат во земји со низок и среден приход, каде што постои загриженост за бавното воведување на вакцината против ХПВ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ