Израелскиот премиер Нафтали Бенет се соочи со критики по објавено дека неговото семејство троши 7.400 долари месечно за храна од буџетот, јавува Би-би-си.
Имено, овој мултимилионер изјавил дека повеќе нема да троши буџетски пари за храна.
По преземањето на функцијата премиер, Бенет вети дека ќе биде поинаков, т.е. дека порационално ќе ги трошат парите. Но, и тој се соочува со критики бидејќи граѓаните сметаат дека неговите трошоци се превисоки.
Медиумите ги објавија трошоците за неговиот приватен дом, во кој моментно има статус на живеалиште. Тие објавија дека резиденцијата троши 26.400 долари месечно од буџетот, од кои 7.400 долари се трошат за храна.
Актуелниот премиер истакна дека драстично ги намалил трошоците и рече дека тоа е смешен обид да се прикаже како хедонист. Тој нагласи дека неговото шестчлено семејство не ангажирало готвач, туку дека нарачувале храна од ресторан.
Според него, Нетанјаху трошел 11.000 долари месечно за храна. Но, партијата на поранешниот премиер тврди дека месечните трошоци за храна не биле повеќе од 400 долари.
Бенет стана мултимилионер пред да стане активен во политиката. Тој основа и продаде две технолошки компании за 250 милиони долари. Платата на премиерот е 16.500 долари, а просечната плата во Израел е 3.400 долари, пренесува Би-би-си.
Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху беше уште поекстравагантен. Тој трошел 84.300 долари месечно. Новинарите објавија дека Нетанјаху потрошил многу и за храна, но и за нега на коса.