Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамки на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.
Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.