PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Тајван спроведува артилериски вежби наспроти кинеските маневри

Aug 9, 2022

Тајван денеска почна со спроведување на претходно најавените артилериски вежби во услови на тековни воени вежби на Кина во близина на островот, јави ДПА. Артилериските вежби беа најавени на крајот на јули, а целта им е да симулираат одбрана од евентуален напад на кинеските вооружени сили.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Вежбите на Тајван, кои се дел од годишните вежби на Тајван, ќе продолжат денеска, утре и задутре. Нивното одржување е придружено со зголемени тензии во регионот, при што Кина соопшти дека ќе продолжи со вежбите што ги спроведува на север, југозапад и исток од Тајван. Кинеските вооружени сили првично најавија дека нивните вежби ќе завршат во недела. Датумот на кој ќе завршат засега не е објавен.

Министерството за надворешни работи на Тајван ја критикуваше одлуката на Кина да ги продолжи своите воени вежби во близина на Тајван.

Според тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву Пекинг има за цел да го промени статус квото во азиско-пацифичкиот регион.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ