[ad_1]
Германски „Билд“ објави дека таксист го пронашол паричникот на голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер во кој имало пари и документи.
Таксистот кој го возел Нојер тој ден го пронашол паричникот кога го чистел автомобилот на крајот од својата смена.
„На личната карта стоело името и адресата на Мануел Нојер, а во паричникот имало картичка Visa Platinum, црна Mastercar картичка и околу 800 евра во кеш“, изјави таксистот за „Билд“.
По две недели добил пакет од Ноер во кој имало дрес со автограм на голманот, а тоа го налутило возачот затоа што потрошил 400 евра на гориво додека го барал германскиот голман за да му го однесе паричникот.
„Наградата е за потсмев. Имам четири деца, што да правам со тој дрес“, коментира незадоволниот таксист кој очигледно очекувал некаква парична награда.