PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Тажно! Дали Стоилковиќ го негира геноцидот за Сребренциа, па сега му се криви Али, Талат, Артан и Османи за резолуцијата на ОН?

Apr 16, 2024

– На чија страна е Стоилковиќ? На страна на вистината, на страна на невините жртви што ги ликвидираше криминалниот ум на веќе осудениот режим, или на страна на тој режим и на новите тенденции да се заборават злосторствата што некој ги извршил во име на српскиот народ?

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Очигледно е во мода кај некои српски политичари да ги раскараат Македонците и Албанците преку Србите! И тоа вешто, играјќи на картата на заборавот, со намера враќање на чистота на образот на криминалните режими, со што го поистоветуваат српскиот народ со нив.

Барем ова не би требало да се очекува од еден македонски политичар Србин, кому злосторствата сторени во името на Српскиот народ треба да му се далеки. А токму тоа го прави претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, и тоа за случајот на очигледниот и докажан геноцид во Сребреница.

Но, зошто да не „лови во матно“ во овој предизборен период, зошто да не им се вратиме на старите клишеа, па ако треба, дури и некои добри постапки да не ги прикажеме како негативни, и да не им „залепиме“ етнички етикети, иако тоа се дел на државни политики.

На политичарот Србин од Македонија, Иван Стоилковиќ, му смета „коспонзорството“ на Македонија (заедно со САД, Германија и некои други земји) за Резолуцијата на ОН за Сребреница и прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година и негово одбележување секоја година.

„За македонското коспонзорство на Резолуцијата за Сребреница утре ќе читате и слушате. Првиот одговор на прашањата беше во стилот дека без оглед на тоа што во иднина ќе се случува со регионот, Србите, некрофилскиот дизниленд Сребреница… фактот дека Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво, спротивно на вољата на македонскиот народ кажува колку Македонија и нејзината државност паднала на ниски гранки… поразително нели?, беше реакцијата на Стоиљковиќ, откако министерот за надворешни работи Османи објавил дека Македонија е коспонзор на таа резолуција.

Што е проблемот на Иван Стоилковиќ? Сребреница е едно тажно поглавје на војните по распаѓањето на Југославија, кои на сите фронтови ги запоçна режимот на Слободна Милошевиќ, кого на крајот, самите Срби го испорачаа во Хаг, како што ги испорачаа и другите политичари и команданти кои беа инспиратори на воените злосторства, меѓу, другото, и директниот наредбодател за геноцидот во Сребреница, „џенерал“ Ратко Младиќ. Тоа е докажано пред слободарскиот свет кој сочувствува со 7000 бошњаци, кои со една наредба станаа жртви на овој грозоморен чин.

Што му е спорно на Стоилковиќ? И самиот српски претседател, Александар Вучиќ, се поклонил на жртвите. На чија страна е Стоилковиќ? На страна на вистината, на страна на невините жртви што ги ликвидираше криминалниот ум на веќе осудениот режим, или на страна на тој режим и на новите тенденции да се заборават злосторствата што некој ги извршил во име на српскиот народ?

Тоа што на приклучуањето на нашата држава на страна на вистината и на страна на жртвите, нема ништо субверзивно како што сака да го прикаже Иван Стоилковиќ, туку еден хуман чин кој не е против волјата на македонскиот народ, и е секако, за поздравување. Ако тој сака да му даде етничка нота, демек затоа што министерот на надворешни работи е на чело на оваа коспонзпорство„спроти волјата на македонскиот народ“, тоа е негов проблем и разоткривање на неговите скриени и сега разоткриени чувства кон тој злостор. Бидејќи ако Македонија со осудата на геноцидот иритира некого, тоа веројатно важи за оние криминални умови и оние кои сакаат да го релативизираат воениот злостор кој е осуден од цел свет.

Ама тоа што некој во име на српството го сторил, не се виновни ни Али, ни Талат, ни Артан, ни Бујар, ниту држава Македонија. Вината Стоилковиќ нека ја бара на друго место! И малку и самиот да се засрами од овој беден обид за релатививизирање, слично како што умови како Шешељ се обидуваат да го прават во Србија. Извор: desk.mk

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ