PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Телефонски разговор Османи – Дендијас: И покрај изминувањето на редовниот рок, потрагата по исчезнатото момче продолжува и утре

Jul 12, 2022

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со својот грчки колега, Никос Дендијас, на кој беше разговарано за состојбата со потрагата по исчезнатото момче од земјава.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

За време на разговорот Османи замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот.

За време на разговорот, Османи упати благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, вклучени во потрагата.

Разговорот уследи по формалното упатување на нота до Министерството за надворешни работи на Грција со молба за продолжување на потрагата иако денеска изминува рокот до кога се организираат ваквиот тип потраги.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ