PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Тен Хаг го повика раководството да ја забрза работата со трансферите

Jul 23, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг за прв пат откако пристигна во клубот зборуваше за трансферната политика и индиректно го повика раководството да ја забрза работата со трансферите.

„Црвените ѓаволи“ до овој момент донесоа три засилувања, Маласија, Лисандро Мартинез и Кристиан Ериксен, но Тен Хаг е категоричен дека има потреба од повеќе опции.

„За да имаш добри резултати треба да имаш добар тим, па мислам дека треба уште да се засилими за да ги оствариме резултатите кои ни се цел оваа сезона. Имаме потреба од вистински фудбалери на вистински позиции. Ова ќе биде долга и тешка сезона, па имаме потреба од засилувања за да ги оствариме целите“, изјави Тен Хаг.

„На крајот на неделата се враќаме во Манчестер каде не чекаат Ериксен и Мартинез. Тие се двајца фудбалери кои ќе ни дадат повеќе опции, но имаме потреба од нови засилувања“, додаде тренерот на „црвените ѓаволи“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ