[ad_1]
Дали некогаш сте биле на кино на отворено? Ако е така, тогаш сигурно ја знаете атмосферата што се буди под ѕвездите, меѓутоа, ако е само уште една желба на вашата листа на желби, време е конечно да ја остварите.
Доброто време е во ваши раце, квалитетни филмови има многу, сигурно ќе најдете прилика за кино под ѕвездено небо, а она што можеме да ви го препорачаме, за уживањето да биде максимално, е уред кој ќе го комплетира вашето искуство – тоа е дефинитивно проекторот Samsung The Freestyle.
На која локација сакате да уживате во филмот?
Токму затоа што не бара никаков вид на прицврстување и може да се прилагоди за да се користи под кој било агол, овој проектор ви овозможува да уживате во најдобар квалитет каде и да сте, дури и на покривот од вашата зграда. Бидејќи овозможува ротација од 180 степени, отсега ќе можете да гледате филмови на различни површини како ѕид, под или маса. Исто така, благодарение на надворешните батерии кои поддржуваат USB-PD и излез од 50V/20V или повеќе, The Freestyle е идеален за вечерно опуштање под ѕвездите, а сѐ што треба да направите е да се препуштите на уживањето.
Дали сте љубител на трилери или романтики?
Без разлика во кој жанр уживате и каков филм и да одберете, најважно е да ви биде удобно и проекцијата да биде квалитетна. Тука повторно настапува The Freestyle! Овој лесно пренослив уред е дизајниран да одговара на сите „љубители на филмот“, овозможувајќи им да ги изразат своите интереси и желби каде и да се. Една од најдобрите карактеристики на Freestyle проекторот е тоа што автоматски ги коригира искривените слики и прикажува поправен, правоаголен екран секој пат, а за да ја одржува секоја слика остра и јасна, Freestyle исто така автоматски се фокусира за неколку секунди, така што нема да пропуштите ниту еден кадар.
Дали веќе знаете со кого ќе уживате во The Freestyle искуството?
Без разлика дали гледате филм со една личност или планирате да соберете поголема група луѓе, The Freestyle ќе им даде ист третман на сите. Бидејќи звучникот на проекторот емитува богат звук од 360 степени, што го прави аудио искуството феноменално, ќе можете да го слушнете дури и најблагиот шум без разлика каде седите, а кога филмот ќе заврши, знајте дека забавата не е завршена . По гледањето филм, можете да го користите The Freestyle како дискретна ламба или да го испробате амбиенталниот режим и да уживате во играта на светлина и звук. Бидејќи овој уред има проѕирен капак за објектив, можете да го користите и за да создадете сосема нова атмосфера со проектирање различни слики за да одговараат на вашето расположение.
Сега е вистинско време да се подготвите за топлите вечери кои можете да ги поминете надвор со вашите најблиски со феноменална содржина, а со цел да ги дознаете сите информации за преносливиот проектор и да имате увид што може да ви овозможи, посетете ја страницата: https://www.samsung.com/mk/projectors/the-freestyle/the-freestyle-sp-lsp3blaxxh/