Тома Биков бара Кирил Петков јавно да каже ако ја сменил бугарската позиција кон Македонија


Фото: Влада

Во Бугарија постои целосен консензус за прашањето за Северна Македонија, но доколку некој одлучил да ја смени позицијата на државата, тоа нека го каже јавно, а не да го прави тоа зад грбот на граѓаните, изјави денеска заменик-координаторот на Пратеничката група партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Тома Биков.

Биков тврди дека иако го негира тоа, бугарскиот премиерот Кирил Петков „очигледно преземал обврски кон Северна Македонија“, за што според него доказ е и изјавата на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок дека Бугарија верува оти земјава треба веднаш да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

– Ние немаме ништо против Република Северна Македонија да ги започне преговорите за влез во Европската унија, но не гледаме дека Република Северна Македонија прави чекор напред. Ништо не е сменето во однос на ситуацијата од пред шест месеци, освен што македонскиот премиер рече дека нема да ја присоедини Пиринска Македонија кон Република Северна Македонија – додаде пратеникот на партијата ГЕРБ, чиј лидер е поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Според Биков, бугарската позиција во однос на земјава е ослабната, поради разликите што постојат во владејачката коалиција во Софија по ова прашање.

Од друга страна, бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изјави дека нема промена во ставот на Бугарија за европската интеграција на Македонија.

– Никој од тимот на МНР во разговори и средби со европските партнери и амбасадори на други земји членки на ЕУ или НАТО, не отстапи од оваа позиција и не беа преземени обврски поврзани со рокови, изјави синоќа Генчовска за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Како што јави БГНЕС, прашањето за евентуалната промена на бугарската позиција кон земјава е покренато по вчерашната изјава на Бербок, дадена по нејзината средба со Генчовска дека двете министерки се согласиле оти од суштинско значење е преговорите за членство на Албанија и Македонија во ЕУ да започнат во првата половина од годинава.

– Наша одговорност е да ги започнеме преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија во првата половина од годината, што е долго одлаган чекор. Имав билатерална средба со бугарската министерка за надворешни работи и двете заклучивме дека во сегашната ситуација од суштинско значење е да го започнеме овој процес на пристапување. Многу се надевам дека Бугарија ќе може да ги расчисти прашањата што остануваат отворени- рече Бербок.

Според Генчовска, станува збор за погрешна интерпретација на зборовите на Бербок од страна на медиумите.

– Би рекла дека е дезинформација или некаква шпекулација. Од бугарската страна нема преземено никакви обврски во врска со почеток на преговарачкиот процес со Република Северна Македонија – рече Генчовска.

Таа додаде дека на средбата со Бербок бугарската страна била „отворено искрена“ и кажала дека нема напредок за политичките прашања и покрај желбата на Бугарија.

– Она што го очекуваме од македонска страна се конкретни резултати во спроведувањето на нашиот Договор за добрососедство од 2017 година. Нашите главни барања остануваат непроменети. Нашата држава инсистира правата на македонските Бугари да бидат загарантирани во македонскиот Устав, изјави Генчовска, додавајќи дека Софија очекува конкретни резултати и дека нема да отстапи од ниту едно од своите барања.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...