Италијанскиот репрезентативен напаѓач, Андреа Белоти после седум години го напушти Торино, соопштија од клубот.




„Драг Андреа, ја прифаќаме твојата одлука да пробаш ново искуство, нашите патишта се заделуваат денес. Поминавме заедно седум години, што е долга врска во современиот фудбал. Споделивме страст, радост, емоции и разочарувања“, беше емотивната порака на Торино.




Белоти сега е слободен агент, а единствената понуда која ја има е од Монако и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во „кнежевството“.