Екс американскиот претседател Доналд Трамп иронично дал предлог САД едноставно да ги покријат борбените авиони со кинески знамиња и да ја нападнат Русија, велејќи дека тоа ќе ги наведе Русите и Кинезите да се борат меѓу себе.
Обраќајќи им се на главните донатори на Републиканскиот национален комитет синоќа во Њу Орлеанс, Трамп повторно зборуваше за војната во Украина. Тој ја кажа идејата дека би било добро САД да ги прикријат борбените авиони Ф-22 со кинески знамиња и да бомбардираат во Русија, според аудио снимката објавена од новинарот на Вашингтон Пост, Џош Доуси.
„И тогаш ќе речеме – Кина го направи тоа, ние не. Потоа тие почнуваат да се расправаат меѓу себе, а ние седиме и гледаме. Јас сум единствениот американски претседател во овој век за време на кој Русија не нападна никого“, додава Трамп.
ЕУ и САД воведоа санкции за Русија поради нејзината инвазија во Украина.