Тренчевска: Со Оперативниот план за 2022 година вреден 30 милиони евра опфативме околу 15.000 граѓани, воведуваме и „зелени инвестиции“

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година изнесува 1,8 милијарди денари, или околу 30 милиони евра. Пет милиони евра повеќе од минатата година за вработување на ранливи категории на наши граѓани, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на промоцијата на Оперативниот план за 2022 година.

Со новиот Оперативен план со кој ќе бидат опфатени 14.685, посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработени како и на корисниците на гарантираната минимална помош. Зголемен е опфатот за најбараната мерка за самовработување, со што обезбедена е финансиска поддршка за отворање на сопствен бизнис за 2000 лица. Преку „Програмата за самовработување“ се доделуваат грантови од 5.000 евра за еден самовработен, односно 10.000 евра за двајца содружници за започнување на сопствен бизнис.

Министерката Тренчевска информираше дека за прв пат во соработка со канцеларијата на УНДП се имплементира мерката за поддршка за креирање на нови работни места преку „зелени инвестиции“.

„Зелените инвестиции опфаќаат инвестиции во процеси кои овозможуваат создавање на зелени производи или услуги, ги намалуваат или елиминираат штетните влијанија врз околината, енергетска ефикасност на објектитe и воведување на обновливи извори на енергија во согласност со Зелената агенда на Западен Балкан. За имплементација на мерката која се состои од три компоненти, финансиска поддршка, поддршка за стручни обуки и поддршка за советодавни услуги за зелени инвестиции обезбедивме 26.638.000 денари за опфат на 312 лица“, рече министерката Тренчевска.

Во фокусот на Оперативен план, е еднаквата застапеност на мажите и жените, согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, учество на младите лица до 29 години од најмалку 30% како и лицата со попреченост кои се застапени речиси во сите мерки за вработување.

„Со Мерката Практикантство го прошируваме опфатот на 1.620 невработени лица до 34 годишна возраст кај работодавачи од приватен сектор, но и граѓанските организации. Продолжуваме и со мерката „младинскиот додаток“, со кој 3.000 денари месечно ќе бидат исплаќани за 3.500 млади до 23 години, вработени во директно производство или 1.000 повеќе од лани. А не застанавме и со проектот „Гаранција за млади“ како земја лидер во регионот која прва го имплементираше, а не е членка на ЕУ“, рече министерката Тренчевска.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...