Трет ден штрајк на СОНК, ќе има ли средба со Владата?

Вчерашниот втор ден од генералниот штрајк во училиштата и градинките помина без состанок меѓу СОНК и претставници на Владата. Според најавите од двете страни во понеделникот, средба деновиве ќе има во обид да се постигне решение за барањето на Синдикатот.

СОНК не отстапува платите на вработените во дејностите образование и детска заштита веднаш да бидат зголемени за 18,4 отсто согласно со порастот на минималната плата која од овој месец е 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков вчера соопшти дека од Владата очекуваат покана за работна средба на која повторно ќе ги изнесат своите аргументи за издржаноста на нивното барање. Се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен предлог за зголемување на платите кој ќе биде прифатлив од мнозинството негови членови.

-Со тоа би се донело, во најкраток можен рок, одлука за прекин на штрајкот и продолжување на нормалниот тек на воспитно-образовниот процес, објави Неделков на Фејсбук, кој за текот на вториот ден од штрајкот информираше дека не биле регистрирани посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, порача дека се отворени за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови и незадоволства. На својот фејсбук-профил претседателот на Владата напиша дека го охрабрува Синдикатот да го продолжи дијалогот за трајно решение преку заеднички утврден модел за раст на платите.

– Отворени сме за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока, го охрабрувам синдикатот да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел, напиша Ковачевски.

Владата во соопштение го повика синдикатот заедно да најдат модел за раст кој, како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, укажувајќи дека барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот.

– Растот на платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите, наведе Владата информирајќи дека платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21 процент. Платата на наставник во основно образование, , е зголемена за 3.267 денари, а во средно образование за 4.353 денари, заедно со додатокот за минат труд, и дека сега добиваат плата 24.786 денари во основно и 25.642 денари во средно, соопшти Владата.

ТОП ВЕСТИ

Драма во Црна Гора: Пристигна закани, ќе поставиме канистри со нервен гас

Неколку црногорски училишта и градинки утринава добија дојава за подметнати бомби, а како што дознава порталот РТЦГ, заканите повторно дошле преку електронска пошта. Министерството за...

Возило излетало од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, сообраќајот во прекин

Возило излетало од патот кај  тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, информацијата утрово ја потврди за  МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. –...

Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, потврдено е за „Косово онлајн“. Владата во Берлин,...

Чоколадно смути со овошје

                      Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао – мраз...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...