PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Tри активни пожари – кај Тајмиште, Бачишта и Ореоец

Nov 2, 2022

Центарот за управување со кризи утрово соопшти дека на територијата на Македонија активни три пожари, каде главно гори нискостеблеста шума.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во близина на Тајмиште, Општина Кичево, веќе трет ден е активен пожарот што се движи во правец на селото Колари, но сѐ уште е далеку од населеното место.

Пожарот над селото Бачишта, Општина Кичево, е сѐ уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација. Во гаснењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми” подружница „Лопушник” и доброволци од месното население од Бачишта. Од „Лопушник” известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот.

Гори и дел од атарот на селото Ореовец, место викано Присој во Општина Македонски Брод. Пожарот зафатил и дел од атарот на селото Русјаци. Со пожарот е зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР.

Во овој период изгаснати се помали пожари помеѓу селата Вељуса и Водоча, Струмица, кај село Наколец, Ресен и во атарот на село Крстов Дол, Општина Крива Паланка.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ