Три шишиња во еден маркет, три во друг-ограничувањата се без ефект, нема крај на „досетливоста“ на граѓаните

Од вчера почна да се организира испораката на масло за јадење од Србија, а како што најавија претходно властите се очекува Македонија со извозот од северниот сосед да добие два милиони литри зејтин.

Количините, според најавите се доволни за еден месец, особено што веќе од средата Владата донесе одлука за ограничување на продажбата на цели пакети масло за јадење. Во некои од  маркетите, на граѓаните им е дозволено најмногу две-три шишиња зејтин, зависно од тоа како одлучиле одговорните во одреден трговски ланец.

-Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат, истакнаа минатата недела од Министерството за економија.

Но, изминативе денови, оваа одлука се покажа како крајно не ефикасна, бидејќи, како што велат продавачите, нема крај на „досетливоста“ од страна на граѓаните.

-Слушаме што си разговараат додека стојат на каса. Велат: „бев до Рамстор, таму даваат три шишиња, тука ќе купам две, потоа ќе одам до некој од другите маркети, па колку даваат, толку ќе купам“. Луѓето повторно и повторно си прават залихи дома. Ние како локално маркетче, дозволуваме само по две шишиња, но се случува во текот на денот, сите членови од едно семејство да дојдат и да побараат да купат зејтин. Но, тука во населбава скоро сите се знаеме, па тоа потешко поминува, вели една од продавачките во мал трговски дуќан во една од скопскте населби.

Доколку сакаме навистина да излеземе од актуелната криза, потребно е да се направи механизам кој навистина ќе вроди со плод, посочува за Фактот, 69-годишната скопјанка, која памети како ограничувањата функционирале во 80-тите години во поранешна Југославија.

-Властите мора да сфатат дека никакви ограничувања нема да поминат кај овој народ. Цел ден ќе вози низ Скопје, ќе влезе во 7-8 маркети, и повторно ќе нареди дома на полиците 20-тина шишиња зејтин. Јас ги паментам најголемите кризи кои беа во Југославија. Ни даваа бонови и тоа посебно за прашок за перење, посебно за брашно, посебно за зејтин и така натаму. Единствено, само со бонот можеше да се купи нешто од ова што го набројав. На пример, имавме бон на кој пишуваше 5 килограми прашок-месец мај и толку. Немаш друг бон за прашок. Тоа не беше вредносен бон, туку само се прикаживаше во продавницата, а си плаќавме со пари, онолку колку што беше цената. На искористениот бон се ставаше печат и завршена работа. Не можеа да се прават злоупотреби. Ако сакаме нешто сега да профункционира, ќе мора само на тој начин, вели Радица С. од Скопје.

Инаку, Владата најави и дека можно е од Србија да има и дополнителен увоз на масло за јадење од веќе најавените 2 милиони литри, во случај проценките да покажат дека оваа количина не е доволна. Српската Влада во петокот ја донесе одлуката да извезе во Македонија масло за јадење со што увозниците веќе можат да набавуваат. Истовремено, властите во Македонија смируваат дека масло за јадење ќе има и апелираат граѓаните да не складираат залихи.

ТОП ВЕСТИ

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...