[ad_1]
Реал Мадрид ги обнови договорите со тројца многу важни играчи, пренесуваат шпанските медиуми.
Станува збор за тројцата Бразилци, Винисиус, Родриго и Едер Милитао, кои одиграа фантастични сезони.
Винисиус ја одигра најдобрата сезона во кариерата и според многумина беше играч на сезоната во Реал Мадрид. Тој ќе стави потпис нa договор до 2027 година, а во новиот договор на ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус во моментов заработува 3,2 милиони евра, а со новиот договор ќе добие тројно поголема плата.
Слична е ситуацијата со Родриго, кој ќе го продолжи договорот до 2028 година со клаузула од 1 милијарда. Додека Милитао кој покажа дека е достојна замена за Серхио Рамос ќе стави потпис на договор до 2028 година со откупна клаузула од 500 милиони евра.
Éder Militão, Vinícius and Rodrygo have signed their new contracts with Real Madrid ⚪️🇧🇷 #RealMadrid
▫️ Militão: June 2028, €500m release clause.
▫️ Vinícius: June 2027, €1B release clause.
▫️ Rodrygo: June 2028, €1B release clause.
Official statements now up to the club. pic.twitter.com/wFsAJsZJFI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 24, 2022