Твитер го тужи Илон Маск

Твитер поднесе тужба против милијардерот Илон Маск, откако тој се откажа од купување на социјалната мрежа.

-длуката доаѓа откако Маск во петокот објави дека се повлекува од предложеното купување на Твитер во вредност од 44 милијарди долари.

Маск тврдеше дека Твитер не дал информации за бројот на лажни и спам-налози на платформата, пренесува Би-би-си.

Сега Твитер побара од судот во Делавер да му нареди на најбогатиот човек на светот да го заврши купувањето со договорените 54,20 долари по акција на Твитер.

„Откако јавно предложи да се купи Твитер, а потоа го потпиша договорот, г-дин Маск очигледно верува дека тој, за разлика од која било друга страна која подлежи на законот на Делавер, е слободен да го промени своето мислење, да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да ја уништи вредноста на акциите да и замине, се наведува во тужбата.

Цената на акциите на Твитер паднаа за повеќе од 8 отсто во изминатиот месец.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...