[ad_1]
Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 4.935 инфекции на коронавирус, што е 17 отсто повеќе од пред 7 дена и најмногу од 14 февруари кога беа регистрирани 7.172, објави словенечката влада.
Седумдневниот просек на потврдени случаи продолжува да расте, моментно на 2.809, што е 3,7 отсто повеќе од претходниот ден.
Инциденцата од 14 дена на 100.000 жители е исто така во пораст, моментно на 1.571, што е 5,2 отсто повеќе од понеделникот.
Според Националниот институт за јавно здравје (NIJZ), моментно има 35.092 активни случаја на инфекција, 7.495 повеќе од пред 7 дена.
„Освен очекуваниот пораст на инфекциите поради олеснување на мерките, причини за ваквиот тренд се ниските температури поради кои луѓето остануваат во затворени простории и поголемата заразност на сѐ поприсутната подваријанта омикрон БА2“, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беовиќ.
Таа препорачува да продолжат да се применуваат сите пропишани антиепидемиски процедури и вакцинации, особено за ранливите групи, а маските да се носат во затворени простории.