Ќучук: Тенденциозно им се дава гласност на оние кои се против ЕУ интеграцијата на Македонија

Софија треба да ја ревидира позицијата кон Скопје, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Според него, евроинтеграцијата на Македонија и другите балкански земји може само да придонесе Бугарија и целиот регион да се чувствуваат посигурни, особено во ситуација на воен конфликт на европскиот континент.

Стратешки интерес на Бугарија е да се граничи со демократски земји кои можат да обезбедат простор на безбедност, просперитет и можности. Другото не можам да си го објаснам. Секогаш тенденциозно им се дава гласност на луѓето кои сакаат Северна Македонија да не биде дел од Европската Унија. Политиките треба да се градат на малку подолг временски период. И ако погледнеме низ оваа призма на односите меѓу Софија и Скопје, ми се чини дека ќе најдеме многу посериозни аргументи Република Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, истакнува Ќучук.

Многу е тешко, посочува бугарскиот европратеник, да им се објасни на европски партнери кои се причините за запирање на патот на Северна Македонија кон Европската унија, особено откако од Бугарија произлезе идејата за нејзино проширување кон Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...