Ќучуков: Спорот за Северна Македонија во Бугарија се претвори во натпревар во патриотизам

На политички план Бугарија западна во целосна изолација во ЕУ заради спорот со Северна Македонија, изјави за Нова њуз, Љубомир Ќучуков, поранешен бугарски заменик министер за надворешни работи, кој сега работи во невладиниот Институт за меѓународни односи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ќучуков смета дека Бугарија ја загубила сета своја предност како членка на ЕУ, пренасочувајќи го притисокот од кандидатот за членка кон себе.

Според него, каков и да има договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, тој мора да добие поддршка од парламентот и општеството.

– Може да се испостави дека со сегашната натрупување на негативизам, за изнаоѓањето договор ќе биде  потребно помалку политичко време отколку за обезбедување домашна поддршка во Софија и Скопје, рече Ќучуков, додавајќи дека довербата е клучен услов за преговорите.

Според него, интересно е што најсериозните противници на договор се две истоимени партии во двете земји – ВМРО.

– Спорот со Северна Македонија стана натревар во патриотизам во Бугарија. Главниот резултат на бугарско-македонските преговори е дека има согласност да се постигне договор, се менува климата на билатералните односи и веќе постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствениот начин да се случи тоа е преку меѓувладини преговори, вели поранешниот висок бугарски дипломат.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...