[ad_1]
Карим Бензема и официјално е фудбалер на годината, а Карло Анчелоти тренер на годината. Наградите двајцата ги примија на денешниот ждреб за новата сезона во ЛШ.
Веќе беше познато, а денес Бензема и Анчелоти беа крунисани и им беа доделни наградите.
Двајцата со Реал Мадрид имаа фантастична сезона во која беа шампиони во ЛШ и Ла Лига, Бензема во најелитното европско натпреварување постигна 15 гола.
Доделена беше и наградата најдобра во женска конкуренција, тука победи Алеша Путељас од Барселона, селекторката на Англија Сарина Вигман е прогласен за тренер на годината.
За најдобар млад фудбалер избран беше сооиграчот на Бензема, Винисиус Жуниор.
Коментари