PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ѓукановиќ: Не е време за посета на Србија, наскоро ќе одам во Приштина

Mar 15, 2022

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека во моментов не може да се разговара за неговата евентуална посета на Србија, но потврди дека ќе го посети Косово во наредните месеци.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во интервју за приштинската КТВ, Ѓукановиќ рече дека неговата посета на Косово ќе биде придонес за „меѓудржавното разбирање и зајакнувањето на традицијата на добри црногорско-албански односи“.

Ѓукановиќ вели дека во моментов не може да се разговара за евентуална посета на Србија поради нарушените политички односи меѓу двете земји.

„Јасна ви е причината за нарушените политички односи меѓу нашите две земји во последните години, изјавил Ѓукановиќ.

Црногорскиот претседател тврди дека е апсолутно подготвен да разговара со сите, а особено со соседите, земјите од регионот по јасни политички принципи.

„И, јас не сум од оние кои избираат соговорници, ниту сум тој што го сака овој или оној претседател од Србија. Србија го избира својот претседател, нека го избере со среќа како што сакаат граѓаните на Србија“, рече Ѓукановиќ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ