Ѓукановиќ се надева на трет мандат, противник му е инфлуенсер

Актуелниот претседател, Мило Ѓукановиќ, е во трка за трет мандат во претседателските избори во Црна Гора кои денеска се одржуваат во прв круг. Противници му се шест кандидати меѓу кои е независниот Јован Радуловиќ, кој е познат инфлуенсер.

Радуловиќ е комичар и критичар на општествените појави. Како независен кандидат поднесе потписи за својата претседателска кандидатура и рече дека на земјата ѝ треба некакво освежување и дека тој би можел тоа да

Актуелниот претседател, Мило Ѓукановиќ, е во трка за трет мандат во претседателските избори во Црна Гора кои денеска се одржуваат во прв круг. Противници му се шест кандидати меѓу кои е независниот Јован Радуловиќ, кој е познат инфлуенсер.

Радуловиќ е комичар и критичар на општествените појави. Како независен кандидат поднесе потписи за својата претседателска кандидатура и рече дека на земјата ѝ треба некакво освежување и дека тој би можел тоа да го обезбеди.

Ова се четврти претседателските избори од независноста на Црна Гора. Право на глас имаат 542.154 граѓани.

Доколку ниеден од кандидатите не освои половина од гласовите, ќе биде организиран втор круг, а во него ќе учествуваат двајца кандидати кои освоиле наголем број гласови. Политиколозите веруваат дека ќе дојде до втор круг. Прогнозите се дека освен Ѓукановиќ, во вториот груг ќе влезе или Андрија Мандиќ од Демократски фронт, или Јаков Милатовиќ од движењето Европа сега.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...