Украина ја обвини Унгарија дека му помага на Путин и го уништува единството на ЕУ

Киев ја обвини Унгарија дека му помага на Путин во војната против Украина еден ден откако Виктор Орбан изјави дека е подготвен да купува руски гас во рубли за разлика од другите земји од Европската Унија.

„Будимпешта влезе во нова фаза: му помага на Путин да продолжи со својата агресија против Украина“, изјавил портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

„Унгарија со таквата позиција го уништува единството на Европската Унија“, рекол тој.

„Киев ги анализира изјавите на Унгарија, која изрази подготвеност да го плати рускиот гас во рубли и смета дека тоа е непријателски однос кон нашата земја“, изјавил Николенко, пренесуваат медиумите во светот.

Тој го нарекол циничен предлогот на Унгарија до рускиот претседател Владимир Путин да дојде во Будимпешта, која нуди организирање руско-украински разговори.

„Ако Унгарија навистина сака да стави крај на оваа војна, еве што да прави: да престане да го поткопува единството на Европската Унија, да ги поддржи новите санкции против Русија и воената помош за Украина и да не создава дополнителни извори на финансирање за руската воена машина“, рекол тој.

Европската Унија в петок ја разгледува петтата рунда санкции, кои првпат ќе го опфатат енергетскиот сектор со ембарго за купување руски јаглен и затворање на пристаништата во Унијата за руски бродови.

Според светските гласила, во списокот на санкционирани треба да се најдат и двете возрасни ќерки на Владимир Путин и уште неколку руски олигарси.

ТОП ВЕСТИ

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...