Украина: Русите го гранатираат најисточниот град под наша контрола, горат десет згради


Гранати и ракети целеле на индустрискиот град Северодонецк во источна Украина во редовни интервали, јавуваат новинарите на француската новинска агенција АФП, а гувернерот на Луганск изјави дека десет згради погодени од гранати се во пламен.

Гувернерот Серхиј Хајдаи на социјалните мрежи објави дека десет згради во Северодонецк се запалиле откако градот бил гранатиран од руските сили. Тој додаде дека нема информации за жртви.

Северодонецк е привремено седиште на владата на регионот Луганск, бидејќи градот Луганск е под контрола на проруските сепаратисти од 2014 година.

Новинарите на АФП велат дека жителите на Северодонецк излегуваат од засолништата на неколку минути кога ќе престане пукањето и повторно се враќаат кога гранатирањето ќе продолжи. Северодонецк, кој пред војната имал повеќе од 100.000 жители, е најисточниот град во рацете на украинската армија, многу блиску до линијата на фронтот со проруските сепаратистички територии.

Руската војска во последните денови извести дека ги насочува напорите на истокот на земјата, каде што се наоѓа Луганската Област, во која е и Северодонецк.

Хуманитарен конвој на ОН од осум шлепери вчера пристигна во Северодонецк носејќи готови оброци, брашно и ќебиња за 17.000 луѓе и четири електрични генератори за градската болница.

„Борбите во источна Украина продолжуваат да се интензивираат, илјадници луѓе останаа без гас и вода, а станбените згради се уништувани неколку пати во воздушните напади на Северодонецк“, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...