Украина тврди дека нема повеќе руски војници во Суми


Руските трупи го напуштија регионот Суми во североисточна Украина, соопшти Дмитро Живјицки, началникот на регионалната администрација, пренесува ДПА.

Живјицки на Фејсбук посочи дека во регионот сега повеќе нема руски војници.

Тој го информира локалното население дека доколку слушне експлозии, тоа е поради активностите што на терен ги спроведуваат спасувачките служби и деминерите за отранување на експлозив и муниција што зад себе ги оставиле руските трупи.

Живјицки, сепак, предупредува дека регионот сè уште не е безбеден поради поставените мини на повеќе локации. Токму поради тоа, тој го предупреди локалното население да не се вози надвор од асфалтираниот дел од коловозите, да не се користат шумски патеки и да не се чепка оставена воена опрема.

Живјицки уште во неделата изјави дека почнало повлекување на руските трупи од областа.

Заедно со регионите Доњецк, Луганск, Харков и Киев, регионот Суми беше една од целите на руските трупи на почетокот на воените дејствија на руските сили пред повеќе од еден месец.

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...