Украинците му одговорија на Вулин: Да не ѝ помагавме на Србија, можеби ќе бевме во НАТО

Сателитите на Илон Маск и обезбедуваат интернет на Украина. Програмата „Старлинк“ всушност е наменета за цивилни цели, но сега очигледно ја користи украинската армија, пишуваат медиумите во светот.

Звучи како научна фантастика, но токму тоа се случува во Украина: веднаш по почетокот на руската операција, украинскиот вицепремиер Михаил Федоров преку Твитер побара од американскиот претприемач Илон Маск да ги стави на Украина достапни неговите сателити „Стралинк“.

А Маск одговори на Твитер: „Старлинк е активен, други терминали се на пат“.

Оттогаш, значителна количина потребна опрема е испорачана во Украина. Федоров се заблагодари и на Твитер: „Старлинк е тука. Благодарение на Илон Маск“.

Значи, нема тајна преписка, нема долги дебати, нема контрола на влади или парламенти. Договорот беше објавен во јавноста, меѓу политичар чија земја беше нападната и контроверзниот милијардер, кој веќе го предизвика на дуел агресорот Путин.

Се чини дека она што првично изгледаше како рекламна кампања, во меѓувреме, игра голема улога во одбраната на Украина. Иако информациите за успех засега не можат да се потврдат од неутрални извори, британските медиуми јавуваат дека украинската армија успешно го користи „Старлинк“ за напади со беспилотни летала врз руски оклопни возила и позиции. „Старлинк е од големо воено значење, особено во областите кои немаат развиена инфраструктура и интернет конекција“, пишува Телеграф.

Сателитите првенствено ги користи украинската единица „Аеророзвидка“ задолжена за воздушно извидување, за надзор и координација на беспилотни летала кои можат да бомбардираат оклопни возила, пишува британскиот весник.

Лондонски „Тајмс“ ја пренесува и изјавата на еден офицер на „Аеророзвидка“: „Ние користиме опрема „Старлинк“ и ги поврзуваме тимовите на дронови со артилеријта. Беспилотните летала можат да ги одредат целите и позицијата за известување на артилеријата.

„Офицерот вели дека дневно се вршат и до 300 извидувачки мисии, а нападите се претежно ноќе, бидејќи беспилотните летала се опремени со инфрацрвени камери и се речиси невидливи во темница.

Како што веќе беше кажано, сите овие наводи не можат да се потврдат од независни извори, но дури и да е само пропаганда, употребата на „Старлинк“ во секој случај, но и психолошки игра важна воена улога.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...