PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Украинска делегација тргна на преговори со Русија – објавена фотографија од хеликоптер

Mar 3, 2022

Украинската страна, која учествува во преговорите со Русија е на пат за Белорусија, каде што се очекува втората рунда преговори.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Михајло Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, објави фотографија од хеликоптер.

„На пат кон преговори со Руската Федерација. Веќе во хеликоптери“, напиша тој во описот на фотографијата.

Тој додаде дека преговорите ќе почнат за неколку часа.

Претставникот на украинската делегација на новата рунда преговори со Русија рече дека минималната програма се хуманитарните коридори, а понатаму според околностите.

Претходно денеска, руската страна пренесе дека очекува преговорите со Украина да почнат во 13 часот по локално време, но се чини дека сепак ќе има одложување.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ