Украинска гранична служба: Руските сили упаднаа во регионот на Киев

Руските сили се пробија во северниот дел на регионот Киев, соопштија украинските погранични сили, извршувајќи напад со проектили „Град“ врз владините позиции.

Западни медиуми во северниот дел на главниот град на Украина регистрирале хеликоптери кои летаат кон градот, по извештаите дека аеродромот е нападнат.

Патиштата надвор од Киев денеска се заглавени со сообраќај, бидејќи луѓето се обидуваат да го напуштат градот по руската инвазија. Извештаите сугерираат дека руските тенкови напредуваат кон Киев од Белорусија, границата е на два часа возење.

Украинците, кои бегаат од руската инвазија, пристигнуваат во Полска заедно со деца и со куфери. Вообичаено мирниот граничен премин Медику, сега го преминаа неколку десетици граѓани.

Полски официјални лица изјавија дека засега нема поголем бегалски бран, но според локалните медиуми, како и очевидци, расте бројот на лица кои стигнуваат пеш.

Триесет и четиригодишниот Александар Бажанов побегнал од својот дом во источна Украина, заедно со сопругата и со малото дете. Со себе понеле само тоа што можеле да го носат, па пешачеле кон Полска.

Тој одлучил да тргне за Полска кога од колеги дознал дека војната почнала.

– Не чувствувам ништо друго, освен голем страв, појасни Бажанов на граничниот премин, околу 400 километри од Варшава.

Тој сака да го посети својот татко во Шпанија, но нема пари и не знае како ќе го направи замисленото.

Руските сили денеска почнаа инвазија врз Украина, откако претседателот Владимир Путин го одобри тоа. Тој го нарече посебна воена операција на источниот дел од земјата.

Средноевропските земји, што ја делат границата со Украина, веќе со недели се припремаа за очекуваниот бегалски бран.

Граничниот премин Медика, најчесто се користи за прекугранично пазарање или за одење на работа.

– Сите мислеа дека западна Украина е сигурна, бидејќи е многу блиску до земји во ЕУ и НАТО, изјави 44-годишната Марија Палис, која пристигна со своето, како и семејството на нејзиниот брат.

Путин изјави дека ја одобрил воената операција, бидејќи смета дека Русија нема избор, туку да се брани од заканата од модерната Украина, демократска држава со 44 милиони жители, јавија медиумите.

ТОП ВЕСТИ

Роналдо по новиот рекорд: Одлично е што уште играм и постигнувам голови

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIКристијано Роналдо постави два рекорди за време на дуелот...

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...