[ad_1]
Украинските дезертери плаќаат дури 15.000 долари за да избегаат преку граница. Тие масовно бегаат во Молдавија, една од најсиромашните европски земји.
Меѓу нив е и младиот моден фотограф од Киев, Вова Клевер, кој вели дека никогаш не се гледал себеси во оваа војна.
„ Насилството не е мое оружје“, тврди тој.
Многу брзо по руската инвазија, Украина им забрани на сите работоспособни мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.
Клевер тајно побегнал во Лондон, со помош на шверцери низ Унгарија, за пет илјади долари. Но, како што пренесува „Јутарњи лист“, неговата грешка била што за тоа му напишал на својот пријател, кој потоа го објавил нивниот разговор на социјалните мрежи. Преписката набрзо стана вирална и го предизвика гневот на Украинците на Интернет.
„ Ти си мртовец што оди. Ќе те најдам на кој било агол на светот“, гласи една од многуте заканувачки пораки на Твитер.
Борбата или бегството на безбедно од Украина, разурната од војната стана морална дилема за многу мажи во Украина. Според регионалните власти, досега илјадници мажи ја напуштиле земјата за да избегнат да одат во војна.
Шверцерите во Молдавија, а можеби и во други европски земји како Полска и Унгарија, водат профитабилен бизнис. Некои Украинци платиле до 15.000 долари за тајни ноќни прекугранични возења, велат молдавските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.