Џулија Робертс се пошегува со Џорџ Клуни – му „влета“ во интервјуто/ВИДЕО


Џулија Робертс се пошегувала за време на онлајн јавувањето на Џорџ Клуни во емисијата на “Jimmy Kimmel Live”.

Џорџ Клуни и Џими Кимел разговарале со младиот глумец Даниел Раниери за неговата улога во филмот, кога Робертс во еден момент упаднала во виралното интервју.na ( на 03:59 минути во видеото).

Додека Клуни зборувал за својот нов филм “The Tender Bar”, кој го режирал, Робертс „влетала“ во сцената седејќи на столица, а на лицето имала очила за сонце. Не кажала ниту еден збор, а потоа повторно исчезнала од кадарот.

“О, Боже мој. Џорџ не знам дали си свесен за ова, но покрај тебе седи една жена”, рекол Кимел.

Потоа Клуни се завртел и се преправал дека не гледа никој покрај себе.

“Можеби халуцинирав. Сепак, изгледаше како тоа да е Џулија Робертс”, се насмеа Кимел.

Клуни и Робертс моментално го снимаат филмот “Ticket to Paradise”. Филмот “The Tender Bar” за кој Клуни зборувал со Кимел пристигнува во кината на 18 декември, а на Амазон Прајм Видео на 7 јануари.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...