УНХЦР: Повеќе од 5,2 милиони Украинци се бегалци, 1,1 милион внатрешно раселени


Фото: УНХЦР

По 24 февруари од Украина заминале 5,2 милиони луѓе, се дознава од податоци од Високиот комесар за бегалци при ОН (УНХЦР).

Според податоците на Меѓународната организација за миграција при ОН (ИОМ) од Украина од 24 февруари исто така заминале 218.000 граѓани од трети земји. Според достапните извори, до 24 февруари на територијата на Украина под контрола на властите во Киев живееле 37 милиони луѓе.

Според УНХЦР, повеќе од 1.1 милион Украинци заминале од земјата во април, додека во март таа бројка изнесувала 3,4 милиони. Од таа бројка 90 отсто се жени и деца, притоа, мажите на возраст за регрутација (од 18 до 60 години) не можат да ја напуштат земјата.

Според ИОМ внатрешно раселени се 7,7 милиони лица, оттаму се дознава и дека граѓаните на трети земји кои заминале од Украина главно се студенти и работници мигранти.

Русија започна со воени напади на Украина на 24 февруари.

ТОП ВЕСТИ

Драма во Црна Гора: Пристигна закани, ќе поставиме канистри со нервен гас

Неколку црногорски училишта и градинки утринава добија дојава за подметнати бомби, а како што дознава порталот РТЦГ, заканите повторно дошле преку електронска пошта. Министерството за...

Возило излетало од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, сообраќајот во прекин

Возило излетало од патот кај  тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, информацијата утрово ја потврди за  МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. –...

Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, потврдено е за „Косово онлајн“. Владата во Берлин,...

Чоколадно смути со овошје

                      Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао – мраз...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...