PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Утре и задутре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на Фон дер Лајен

Oct 25, 2022

Целта на посетата на претседателката на ЕК на Западен Балкан во период на енергетска криза е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за ЕУ. Еден дел од помошта во областа на енергетската криза, како што беше најавено, ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, утре, од Скопје ќе ја започне балканската турнеја која ќе биде посветена на енергетската криза.

Поради нејзиното доаѓање, МВР за утре и задутре најави посебен сообраќаен режим и апелира граѓаните да ги почитуваат наредните од полицајците.

„СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“,велат од МВР.

Целта на посетата на претседателката на ЕК, како што најавија од Брисел пред два дена, е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија.

„Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици“, рече портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Како што и самата Фон дер Лајен најави минатата недела од Стразбур, еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.

После Скопје, претседателката на ЕК ќе отпатува во Приштина и Тирана в четврток, Сараево и Белград в петок и Подгорица во сабота.

Во Србија се очекува претседателката да го повтори барањето на ЕУ, Белград да воведе санкции против Русија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ