Овој значаен проект ќе овозможи поврзување со модерен патен сообраќај меѓу Скопје и Тирана, но индиректно и со Приштина, а од големо значење е и на регионален и меѓународен план, чие завршување се очекува да заврши до 2027 година.
На 4 април ќе се постави камен-темелникот на Коридорот 8. Камен темелникот ќе се постави во Тетово, од каде што започнува првата оска на овој автопат, која води до Гостивар и е долга вкупно 17,5 километри. По повод поставувањето на камен-темелникот на Коридор 8, покрај шефот на државата, ќе учествуваат и лидерот на Демократската унија за интеграции (ДУИ) – Али Ахмети, претставници на дипломатскиот кор и други поканети гости од земјава и регионот.
„Прво ќе имаме изградба на помошен, паралелен пат по кој ќе се пренасочи сообраќајот, а потоа ќе почне проширувањето и изградбата на автопатот со европски параметри. Тој пат ќе биде, еве ако можеме да покажеме, од сегашниот автопат и пругата меѓу нив, дека сообраќајот ќе се пренасочи по тој пат и потоа ќе почне проширувањето и изградбата на патот Тетово-Гостивар“, вели директорот на јавното претпријатие за државни патишта“, пренесува порталот indeks.mk
Втората оска Гостивар-Кичево е долга 30,3 километри и воедно е еден од најтешките терени за градба, но директорот на Јавното претпријатие за државните патишта Ејуп Рустеми изјави дека според анализите на компанијата „Бехтел и Енка“, не се очекува тука да се случи нешто непредвидливо. За делот од Струга до Ќафасан, тој на последната средба со директорот патишта на Албанија откри дека е разгледана можноста за скратување на патот.
„Патот од Тирана до границата ќе биде околу 73 километри, а потоа од новата точка, која може да биде заедничка гранична точка меѓу Албанија и Северна Македонија, до Струга може да има 12 километри. Тоа значи дека од Струга до Тирана ќе имаме автопатска врска од 82 километри.
„Колку часа би биле потребни? – Бидејќи брзината на движење ќе биде 100-130 км/ч, можете да пресметате дека од Тирана до Струга ќе стигнеме за помалку од еден час“, информира Јавното претпријатие за државни патишта.
Што се однесува до буџетот наменет за надзор на изградбата на Коридорот 8, Рустеми посочи дека сумата за овој проект е најмала во однос на буџетот за надзор на другите автопатишта, само 1,69%, односно од 1 милијарда 300 милиони евра колку што чини проектот, за надзор се издвоени 22 милиони и 300 илјади евра.
„Врз основа на досегашните искуства, кога ќе видиме колку сме платиле за надзор на сите други проекти, слободно можеме да кажеме дека ова е еден од најевтините надзори што сме ги ангажирале во Севрена Македонија и во исто време и во регионот “изјави Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Целиот Коридор 8 заедно со 10Д е вкупно 110 километри автопат, кој се очекува да биде завршен на 31 декември 2027 година, односно за 4 години и 7 месеци.
Академик Абдулменаф Беџети во претходна изјава за порталот indeks.mk рече дека Коридорот 8, не само од геостратешки и национален аспект е најголемиот проект од осамостојувањето на државата, кој ќе го поврзе Црното Море со Јадранското море и Истокот со Западот, но и од економски аспект ќе има многу големо влијание врз регионот.
„Војната во Украина само ја докажа капиталната важност на „снабдувачките центри“ и нивните врски со одредишните точки. Кога на ова ќе се додаде посветеноста на локалните ресурси во ниската градба, проектот има непроценливо влијание во моментот, не само финансиски, туку и економски и човечки (безбедноста на патиштата има непроценливо влијание во однос на важноста на животот). Се надевам дека динамиката ќе тече што е можно по добро во однос на една година пред тоа, и економските придобивки ќе бидат повеќекратни “, оценува Беџети.
Коридорот 8 ќе се протега во должина од 68 километри преку автопат со 6 ленти што ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево и Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д ќе ги поврзува Прилеп и Битола кој како проект ќе се протега во должина од 40 километри и ќе биде исто така со 6 ленти, додека периодот на реализација на проектот е 6 години од почетокот на работите.