PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ван дер Белен ќе се обрати пред Парламентот

Mar 29, 2023

Сојузниот претседател на Република Австрија Александер ван дер Белен во рамки на официјалната посета на Северна Македонија денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Австрискиот претседател на покана на шефот на државата Стево Пендаровски, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Покрај со неговиот домаќин, тој денеска ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски.

Австрискиот претседател, во земјата допатува во придружба на неговата сопруга Дорис Шмидауер.  

Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во вила „Водно“, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Австрија.

Според агендата за посетата, двајцата претседатели треба да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ