„Варварски напад“- светот реагира по рускиот напад врз Кременчук

Во рускиот ракетен напад врз преполн трговски центар во Украина загинаа најмалку 18 луѓе. Од Групата 7 најразвиени држави во светот оценија дека се работи за „воено злосторство“ и најавија нови санкции за Москва.

Лидерите на седумте најразвиени држави во светот (Г7) се заканија дека рускиот претседател Владимир Путин и одговорните за нападот во Кременчук ќе одговараат за злосторството.

„Неселективни напади врз невини цивили претставува воено злосторство“, соопштија тие, осудувајќи го „грозниот напад“.

Украина ја обвини Русија дека намерно таргетира цивили, а претседателот Володимир Зеленски го нарече „еден од најбесрамните терористички акти во европската историја“.

„Мирен град, обичен трговски центар – жени, деца и обични цивили во него“, рече Зеленски.

Гувернерот на регионот Полтава, каде што е лоциран Кременчук, соопшти дека 18 луѓе загинале во нападот. Најмалку 59 биле повредени, соопштија спасувачките служби.

Во друг напад во понеделникот, од руски ракети загинаа најмалку осум цивили додека чекале за вода во градот Лисичанск. Овој град е новиот фокус на руската офанзива на истокот на земјата, откако претходно беше освоен Северодоњецк кој е веднаш спроти него.

Зборувајќи од собирот на Г7 во баварските Алпи, Германија, британскиот премиер Борис Џонсон оцени дека нападот во Кременчук ја покажува длабочината на „суровоста и варварството“ на Путин.

Дипломатски извори потврдија дека Украина побарала седница на Советот за безбедност на ОН, каде Русија има право на вето, но не може да ги спречи дискусиите за инвазијата.

Лидерите на Г7 од самитот порачаа дека ќе продолжат да ѝ даваат помош и поддршка на Украина, додека истовремено ги засилуваат економските санкции кон Москва. Во Групата членуваат САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Од германскиот Елмау, лидерите се селат во Мадрид на самит на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...