Велигденската трпеза ќе биде скапа и скромна

Ценовниот шок веќе на големо се чувствува, а во пресрет на празникот Велигден тоа ќе биде уште поизразено, сметаат граѓаните. Празничната трпеза очигледно ќе биде поскромна со оглед на цените, велат повеќето граѓани.

Табла јајца се продава и по цена од 300 денари, а јагнешко месо достигна цена и од 500 денари за килограм. И цените на зеленчукот претпразнично се зголемија. Граѓаните негодуваат, но не се откажуваат од традицијата.

На пазарите и во маркетите јајцето се продава и по 10 денари. Големите маркети откако понудија високи цени, сега нудат претпразнични попусти, но сепак пакување од 15 јајца класа М чини 119 денари.

-Пред еден месец цела табла јајца чинеше 120 денари. Поскапе и брашното и шеќерот, па и милибродот годинава ќе биде поскап, а за зеленчукот да не зборувам, вели скопјанката Катерина С.

Годинава цената на јагнешкото месо е многу повисока споредено со претходните десетина години, кога се движеше од 300-350 денари за килограм. Пред Велигденските празници продажната цена е 450 до 500 денари.

Не е исклучена можноста пред празникот, еден килограм јагнешко месо да достигне 600 денари, велат вработените во месарниците.

Сувомесните и млечните производи, се продаваат по цени и за 50 отсто повисоки од лани за Велигден.

Младите компири се продаваат по цена од 55 до 70 денари, доматите по цена од 160 до 260 денари, краставиците достигнуваат цена до 100 денари.

-Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес, Горан Лазов.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...