Верниците од странство можат да заминат на аџилак во Мека


Фото: Принт-скрин

Саудиска Арабија оваа година ќе дозволи до милион луѓе да се приклучат на аџилак во Мека, по две години строги ограничувања поради ковид-19, објавија саудиските државни медиуми.

За аџиите во Мека оваа година важи правилото дека мора да бидат помлади од 65 години и целосно вакцинирани против коронавирусот, соопштија властите во Ријад.

На верниците од странство ќе им биде дозволено да дојдат на аџилак, но мора да приложат неодамнешен негативен ПЦР-тест на ковид-19 и да се почитуваат сите епидемиолошки мерки, се вели во соопштението.

Минатата година, Саудиска Арабија го ограничи аџилакот во Мека, еден од петте главни столбови на исламот, на 60.000 домашни учесници, во споредба со 2,5 милиони пред пандемијата.

ТОП ВЕСТИ

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности. „Првите позитивни...