Вештачкото ѓубриво станува нова закана за недостиг на храната


Зголемувањето на цената на природниот гас, доведе до поскапување на вештачките
ѓубрива, а тоа пак, предизвика енормно зголемување на цените на храната во светот.
На графиката е прикажано движењето на цената на природниот гас и на цените на
вештачките ѓубрива, што е во директна корелација со поскапувањето на храната

Украинското министерство за земјоделство неодамна воведе нулта квота за извоз на ѓубрива и најави посебни дозволи за нивните главни извозни продукти – пченицата, пченката и сончогледовото масло. Забраната за извоз се однесува на азот, фосфор, калиум, како и на сложените ѓубрива. Претходно, норвешкиот гигант за ѓубрива „Јара интернешенел“ го намали производството во своите италијански и француски погони за 55 отсто поради рекордно високите цени на природниот гас во Европа. Извршниот директор на „Јара“, Торе Холсетер, за „Си-ен-ен“ порача дека „не е во прашање дали ќе има криза со храна, туку колку долго ќе трае таа“. Двете фабрики на „Јара“ имаат комбиниран годишен капацитет од еден милион тони амонијак и 900.000 тони уреа. Фабриката испорачува околу 29 милиони тони ѓубриво годишно.
На глобално ниво, цените на вештачките ѓубрива се зголемија за речиси 273 отсто од март 2021 година. Цените на црноморската уреа се зголемија на 418,75 долари за тон во септември 2021 година. Цените сега се под влијание на конфликтот во Украина и неодамна достигнаа рекордно високо ниво од 962,48 долари за тон.

ТОП ВЕСТИ

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...

Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн

Во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а...

Џафери се сретна со специјалниот пратеник Амербајев од Азербејџан

На средбата со специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев, претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, од име на Собранието и од...