(ВИДЕО) Артан Груби ексклузивно: Да, точно е, опозицијата побарала амнестија од Пендаровски за Никола Груевски

Првиот вицепремиер Артан Груби, во изјава за порталот Zoom.mk вели дека точно е тоа дека актуелната опозицијата барала од Пендаровски амнестија за поранешнот премиер Никола Груевски.

 

-Да, точно е тоа. Претседателот на државата Пендаровски на еден од претходните состаноци, на кои што ги разгледувавме сите можности за да го продолжиме интеграцискиот пат на нашата земја, како и успешната реализација на Уставните измени, ни напомена, не информираше дека високи експоменти од раководството на ВМРО-ДПМНЕ му имаат испратено пораки и барања, да ја разгледа можноста да го амнестира бившиот премиер Никола Груевски, на што Пендаровски не извести дека нема никаква намера тоа да го направи и дека ги одбил сите тие иницијативи и барања. Но, симптоматично е тоа што овие барања доаѓаат од крила, или елементи во рамките на ВМРО-ДПМНЕ кои што не се задоволни од актуелното раководство, изјави Артан Груби за Zoom.mk.  Видео: https://zoom.mk/wp-content/uploads/2023/09/377640434_24114070511539920_2217077225655618106_n.mp4?_=1

ТОП ВЕСТИ

Петровска – Грам: Враќање на политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина за да се спречи натамошна ескалација

„Инцидентот и тоа што се случува таму нема директно влијание и од информациите со кои досега располагаме и кои ги разменуваме не влијае на...

(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал...

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...