Автомобил во движење се запали во Кичево. Очевидци сведочат дека возачот успеал навреме да излезе од возилото. Сè почнало со чад, возачот застанал среде улица. Била повикана Противпожарната бригада. Пожарот бргу се раширил.
Повредени лица нема, а пожарот бргу е изгаснат. Не е познато дали се оштетени околни возила, а со оглед дека возачот застанал во близина на паркирани автомобили.
Сообраќајот беше во краток прекин.