(Видео) „Азов“ објави нова снимка од руско гранатирање: „Под тежок оган сме“


Можно е руската војска да користи термобарски бомби врз фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, изјави воен аналитичар за „Скај њуз“.

Форбс Мекензи, шеф на компанијата McKenzie Intelligence, рече дека некои сателитски податоци, конечно, пристигнале вчера бидејќи, поради облачното време, имало проблеми од 29 април наваму.

Гледајќи ја сликата од фабриката, која покажува голема експлозија, Мекензи рече дека сателитската фотографија сугерира дека таму се користело термобарско оружје.

„Ова сугерира дека е користено термобарско оружје, дека е користено навистина гадно, забрането оружје“, посочи Мекензи.

Термобарските бомби користат кислород од околниот воздух за да создадат експлозија со висока температура.

Кремљ упорно негира дека руски војници упаднале во фабриката за челик „Азовстал“ во јужниот украински пристаништен град Мариупол, каде што се кријат украински борци и цивили.

За потсетување, синоќа командантот на „Азов“ изјави дека Русите уште еднаш извршиле акција во комплексот на челичарницата.

Пред тоа имаше известувања за силни бомбардирања на „Азовстал“, а сега се јавија сомнежи и дека Русите користеле термобарски бомби.

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...