PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(ВИДЕО+ФОТО) ПОЖАР И НА ХАЛКИДИКИ Огнот се шири кај популарните летувалишта на Ситонија

Jul 27, 2023

Пожарот избил на просторот меѓу популарните летувалишта Метаморфозис и Никити

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Денеска околу 11 часот избил пожар во обрасната трева во подрачјето на грчкиот полуостров Ситонија на Халкидики, но засега не се загрозени населените места, иако чадот се гледа во далечина.

Грчкиот сајт „Халкидики политики“ наведува дека пожарот избил меѓу популарните летувалишта Метаморфозис и Никити.

Се наведува дека на гасењето на пожарот се ангажирани 37 пожарникари и 12 возила. Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваат и противпожарен хеликоптер и припадници на грчката војска.

Се наведува дека моментално ниедно населено подрачје не е загрозено од пожарот.

Во Грција веќе десетина дена беснеат големи пожари на неколку локации,најкритична е ситуацијата на островите Родос, Крв и Евија, а ноќеска се разгоре пожар и во областа околу Волос.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ