PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(Видео) Голема карпа падна врз апартмани на Крит, загина жена а тешко е повредено нејзиното дете

Oct 30, 2022

Голема карпа падна врз апартмани на брегот на грчкиот остров Крит, при што загина една жена од Словенија, а нејзиниот осум-годишен син е повреден.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Карпата ја погодила собата на жената и уште една соба во хотелот.

Свлечиштето се случило денеска во раните утрински часови во семеен станбен комплекс за изнајмување покрај плажа, изграден под карпеста падина во Џерапетра.

Полицијата соопшти дека карпата уништила две соби. Сопругот на жртвата (51) бил во друга соба и не е повреден. Под урнатините затрупани останале 47-годишната жена и осумгодишниот син.

Околу 50 пожарникари пристигнале во областа и успеале да го спасат момчето откако еден час копале низ урнатините. Мајката на момчето била пронајдена мртва.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ